Search

Шилегов: Во новиот ГУП ќе нема место за тешка индустрија и обиколница на Водно

Според актуелниот градоначалник на град Скопје Петре Шилегов, хаосот во урбанистичкото планирање е резултат на некадарното носење на ГУП-от во 2012, што ќе се исправи со носење на новиот ГУП: „Ние сме во фаза на носење на новиот Генерален урбанистички план, вистинска можност да го вратиме градот онаму кај што треба.“

Шилегов укажа дека со новиот ГУП ќе нема место за тешка индустрија во Скопје:

„Многу битно за самиот урбанизам е што во целиот овој дел предвидуваме тешката индустрија да замине од Скопје, значи веќе Г1, како архитектонско означување „тешка индустрија“ ќе ја нема.“

Исто така, Шилегов истакна дека ќе инсистира да се избрише Јужната обиколница за да се спречи уништување на Водно и на Скопје: „И она на што јас инсистирам како градоначалник, и во иднина, да во 2022 Јужната обиколница, онаа што го сече Водно, бидејќи имаме претставници на политички структури коишто сакаа да пробиваат патишта низ Водно, да го спречиме, односно да ја избришеме, за истата да не биде понатаму предмет на евентуална реализација, за да се уништи повторно нашиот град“, истакна Шилегов во дебатата на „Алсат М“.

Треба да знаете
Последни објави