Search

Четири гола во мрежата на Лихтенштајн, Германија со пресврт до триумф над Романија

Македонската фудбалска репрезентација со убедливи 4:0 победи на гостувањето кај Лихтенштајн во рамките на квалификациите за СП во Катар.

Нашите момци одиграа доминантно и од првата до последната минута не му дозволија на противникот практично да излезе од својата половина. Сега, нашите момци со супер мотиви ќе се соочат против Германија и ќе се надеваат на ново чудо.

Првиот гол го постигна Дарко Велковски кој умешно се снајде по една мешанице во завршницата од првото полувреме, и со резултат од 1:0 се замина на полувреме. Во продолжението заигравме уште убедливо и ставивме „печат“ на победата.

Најпрвин Адеми лавовски се бореше во противничкиот шеснаесетник во 65. минута за неколку моменти подоцна Алиоски да биде успешен реализатор на пеналот кој беше досуден со ВАР одлука. Само неколку минути подоцна, Бобан Николов се запиша во листата на стрелците. Конечниот резултат беше дело на Дарко Чурлинов за кого ова беше дебитантски гол за нашата најсилна репрезентација во еден официјален меч.

Германија со пресврт во второто полувреме успеа да ја победи Романија со 2:1, додека Исланд и Ерменија ремизираа 1:1, во двата меча од групата Ј, каде што е и Македонија, во квалификациите за Светското првенство.

По седум одиграни кола, Германија е лидер со 18 бодови, сега Македонија е втора со 12 бодови, колку што има и Ерменија, но ние имаме многу подобра гол разлика. Романија е на четвртото место со 10 бодови и тие имаат шанси во трка за освојување на второто место во групата. Исланд е со само 5 бода и нема шанси, додека Лихтенштајн е фенерџија со само еден бод од седум меча.

Германија на полувреме губеше во Хамбург од Романија кога Хаџи погоди во деветата минута. Сепка, во вториот дел Панцерите со погодоците на Гнабри и Милер направија целосен пресврт за триумф од 2:1. Ерменија водеше со 1:0 на полувреме кај Исланд, но домаќините во вториот дел се вратија во игра и со погодокот на Јохансен во 77 минута израмни на 1:1. Токму тој погодок скина два бода на Ерменија, па Македонија скокна на второто место во групата.

Треба да знаете
Последни објави