Search

Муцунски: Создаваме нова иднина за Аеродром- мора да се решат дивите депонии, а ветувам 100.000 метри квадратни нови зелени површини

Пред 5 до 7 години Аеродром важеше за една од најчистите и најзелените општини. Јас бев во Љубљана се сретнав со министерот за животна средина на Словенија тој вети помош во обезбедување на европски фондови и искуства кои може да ги искористиме. Мора да обезбедиме и нови зелени површини, но важно е и одржување на постоечките бидејќи истите не беа одржувани, рече Тимчо Муцунски, кандидат за градоначалник на општина Аеродром од ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната дебата на телевизија Канал 5.

Според него треба промена и на фасади и кровори, и да им се дадат субвенции за инвертери на граѓаните.

Муцунски рече дека дента во средата кога тој бил во Љубљана имаше непримерно однесување на митинг на СДСМ во општина Аеродром на кој лидерот Христијан Мицкоски, данела Арсовска и тој биле неавредени.

„Тоа недолично однесување некој може да го направи кон вашата сопруга. Ве повикувам да се оградите од таквото однесување на Заев. Време е да излеземе од партиската матрица, јас во кампањата не зборувам за вас, а вие тоа го правите. Мојата кампања е афирмативна со промоција на проекти за граѓаните”, рече Муцунски обраќајќи се на кандидатот на СДСМ, Александар Филиповски кој не се извини за однесувањето на Заев.

За дивите депонии, Муцунски рече дека се голем проблем и за да бидат решени мора да има меѓуопштинска соработка.

-Вардариште не е на територија на Аеродром, но за да се реши мора да има соработка со останатите општини. Но, потребни се и зелени површини, затоа ветувам минимум 100 илјади метри квадратни нова зелена површина”, кажа Муцунски.  

Муцунски информираше дека планирани се 10 илјади метри квадратни зелена површина позади Џеваир, неколку паркови од 5 илјади метри квадратни, зелен коридор ширум општината, проширување на кејот во општината.

-СДСМ се навиканти да даваат ветувања кои не можат да ги реализираат, затоа мислат дека тоа што ние го ветуваме како ВМРО-ДПМНЕ нема да го реализираме. Напротив ние се што ќе кажеме остваруваме, рече Муцунски.

Тој истакна дека тој и неговиот тим има прецизен план и за парковите и за паркинг местата, и за се што се ветува.

„На пример кога велиме дека ќе обезбедиме 3000 паркинг места мислиме дека општината треба да направи свое јавно претпријатие, тоа ќе инвестира во подземни, монтажни гаражи, ќе има систем на косо паркирање. Сме се консултирале и со сообраќајни експерти и ова може да се реализира”, рече Муцунски на што кандидатот на СДСМ, за Аеродром, Александар Филиповски реплицираше дека ветувањата на Муцунски се нереални.

За сообраќајниот метеж да се намали Муцунски истакна дека треба да се направат кружни текови, како и дека има делови каде треба да се средат улиците.

„Со една добра квалитетна студија може да се реши сообраќајниот хаос во општината”, укажа Муцунски.

Во делот на хигиената, Муцунски истакна, дека Аеродром не е чиста општина и оти тоа е констатација на граѓаните.

„Има ангажирано над 100 сезонски работници од кои половина работат, а другите не се појавуваат на терен, на работа. Тоа значи дека треба добро менаџирање, а не вака. Фокусот треба да се стави на сезонски работници, механизација, одржување на постоечките површини”, кажа Муцунски.

Муцунски во делот на градежната експанзија се осврна на зградата кај Мајчин дом за која Марин ветуваше дека нема да се гради. Според Муцунски, Марин имал 5 опции,  мораторум, нов урбанистички план, времена мерка и нереализирање на планот, откуп на парцелата, а петата е да каже дека не сакал да го реши проблемот.  

Треба да знаете
Последни објави