Search

Вулин: Паралелни структури во МВР сакале да го уапсат братот на Вучиќи и да го присилат на оставка

Во Србија повторно се актуелизира аферата околу „најголемата плантажа на марихуана“ Јовањица и нелегалното прислушкување на претседателот Александар Вучиќ.

Министерот за внатрешни работи, Александар Вулин, откри нови детали во врска со истрагата, наведувајќи дека целта била Андреј Вучиќ, братот на претседателот Александар Вучиќ.

-Дали обвинетиот Предраг Колувија ќе биде осуден или не, дали марихуаната била произведена на неговата плантажа, ќе одлучи судот. Тука денеска зборуваме за фактот дека делови од МВР беа подготвени да учествуваат во акции што се некомпатибилни со полицијата, кои беа подготвени, се она што се случи околу Јовањица, за претседателот Вучиќ да го види својот брат во затвор и за да поднесе оставка, изјави Вулин за ТВ Пинк.

Вулин изјави дека прислушкувањето било со цел да се искомпромитира претседателот Вучиќ или членови на неговото семејство.

Кога тоа не помина, кога не најдоа ништо што може да го извалка претседателот Вучиќ и членовите на неговото семејство, тогаш настапи „Јовањица“ , посочува Вулин.

Вулин открива дека на Колувија му било понудено да измисли контакти со Вучиќ, но и дека имало соработка на паралелна структура во МВР со западни служби.

Претходно, шефот на Службата за специјални истражни методи на Дирекцијата за криминалистичка полиција (УКП), Томислав Радовановиќ, изјави дека е „убеден“ дека имало паралелна структура во МВР „со прецизно избрани луѓе“ чија цел била да се соберат податоци за претседателот Вучиќ и неговото семејство.

Радовановиќ кажа дека групата, формирана во времето кога Небојша Стефановиќ бил министер во МВР, имало логистичка и секаква друга поддршка од „една западна разузнавачка служба“, како и дека воспоставила разузнавачка мрежа со „тајкуни“ и организирала криминални групи.

Не можам да кажам за која служба станува збор, но пресвртна точка е веројатно патот на министерот Стефановиќ во САД во врска со случајот Гвантанамо, што значеше интеграција и ресоцијализација на две лица од таа база. Тогаш се воспоставува директен контакт со одредени разузнавачки структури во САД, и понатамошната соработка веројатно е произлезена од тие контакти – изјави Радовановиќ за ТВ Прва.

Тој ги потврди наводите на медиумите дека дел од истрагата за случајот Јовањица и прислушкувањето на Вучиќ се поранешната државна секретарка на МВР, Дијана Хркаловиќ, шефот на белградската полиција за наркотици Слободан Миленковиќ и инспекторот Душан Митиќ, кои одбиле полиграфско тестирање.

Бидејќи не успеаја да го дискредитираат претседателот од првиот обид, тие се префрлија на планот Б и се обидоа да го доведат Предраг Колувија во врска со братот на претседателот на Србија, изјави Радовановиќ.

Денес претпладне Секторот за внатрешна контрола на МВР ги повика на распит директорот на полицијата, Владимир Ребиќ, началникот на одделот за борба против дрога на белградската полиција, Слободан Миленковиќ и началникот на оперативата, Душан Митиќ

Ова е третпат од инспекторите Миленковиќ и Митиќ да се бара полиграфско испитување, иако претходните два пати при тестирањето на детекторот на лаги, беше утврдено дека инспекторите ја кажуваат вистината кога одговараат на прашања за случајот. Инспекторите одбиле по трет да бидат тестирани.

Треба да знаете
Последни објави