Search

Набавката на 500.000 дози вакцини ги обедини власта и опозицијата во албанскиот Парламент

Набавката на нови дози вакцини од Фајзер конечно ги обедини, околу едно прашање, пратениците од власта и опозицијата во албанскиот законодавен дом.

По подолга распарава, преполна со обвинувања од страна на опозицијата за нереало прикажување на бројките на заразени и починати од Ковид-19, како и на имунизрани, пратениците со 126 гласови „за” и ниту еден против, го изгласаа нормативниот акт за набавка на над 500.000 вакцини од Фајзер.

-Нормативниот акт што го одобруваме денеска го отвора патот за обезбедување, за многу брзо време, во рок од три месеци, на 500 илјади вакцини Фајзер, од кои првата пратка ќе пристигне овој месец. Тоа е следниот чекор, во веќе повеќето серија чекори, во нашето патување почнато од декември, да донесеме безбедни и сертифицирани вакцини во Албанија, рече во парламентот министрката за здравство и социјална заштита, Огерта Манастрлиу.

Додаде дека приситигнале 188.000 дози вакцини Астра Зенека, благодарение на подршката од Италија како дел од Ковакс механизмот, со што до сега во земјата се пристигнати над 2,2 милиони дози.

-До крајот на годинава очекуваме оваа бројка да дотигне над три милиона, а во 2022 година над пет милиони дози врз основа на веќе постигнатите договори, рече Манастирлиу, гарантирајќи дека ќе сторат сé за да ги обезбедат потребните вакцини за секој граѓанин.

Таа побара од опозицијата да ги повика граѓаните да се вакцинираат бидејќи „тоа е во полза на здравјето на сите”.

Покрај другите пратеници кои ја обвинија власта дека набавувала вакцини кои не се сертифицирани од ЕМА, пратеникот Тритан Шеху, поранешен министер за здравство, обвини дека состојбата во болниците е ужасна и наведе бројка од 16.000 починати како последица од Ковид-19, а не 2.734 според последните вчерашни официјални податоци.

Според него процентот на имунизирани со две дози е околу 28 отсто од популацијата што е половина од бројката што ја објавува министерството.

Треба да знаете
Последни објави