Search

Заев: Ќе освоиме најмногу градоначалници и гласови, а победници сме сите ако имаме фер избори

„На претстојните локални избори ќе победиме по сите основи по кои се мери победата, затоа што ја имаме најдобрата кадровска и програмска понуда. Последните неколку изборни циклуси имаме добри, позитивни извештаи од ОБСЕ/ОДИХР, очекувам тој тренд да продолжи и со овие локални избори, порача вечерва претседателот на Владата и лидер на СДСМ Зоран Заев во интервју за ТВ Шења.
-Јас очекувам дека ќе имаме фер и демократски избори. Прво сите предуслови се запазени, а пред се измените на Изборниот законик со новините со опозицијата, во што учествуваа и политичките партии. ВМРО – ДПМНЕ побара отисок на прст, тој го има веќе вградено во Законот, нешто што е важно за нив, а беше и наше барање кога бевме опозиција. Дополнителен гарант за „еден човек еден глас” што е многу важно во демократијата, рече Заев.
Верувам, како што кажа, дека сите штабови меѓусебно соработуваат, еве ние со нашиот прв опонент ВМРО-ДПМНЕ имаме координација прво заради распределбата на термините за не се „судриме” во некои општини.
-Но, си ветивме дека ќе креваме телефон ако видиме дека некои од нашите поддржувачи/активисти на терен не се однесуваат како што треба, па да превенираме, да спречиме, веднаш да делуваме. Тоа треба да биде така, оти на крајот, тој што ќе победи ако е тоа на нефер, недемократски избори – таа победа не е победа. Победници сме сите ако имаме фер, регуларни и демократски избори во којшто ќе веруваат сите. На крајот, околу некакво непризнавање на изборите, граѓаните знаат да препознаат дали е тоа реакција на некој ако реагира заради тоа што е поразен или има основ за такво нешто, заедничка должност на сите е да имаме фер и демократски избори. Само така сме сите победници, посочи Заев.
Тој очекува на претстојните локални избори да победат по сите основи бидејќи, како што рече,
ја имаат најдобрата кадровска и програмска понуда.
„Да, верувам дека ќе победиме. Верувам по сите основи на којшто ќе се мери победа. А тоа е вкупен број на гласови, вкупен број градоначалници, вкупен број советнички места во државата вклучително и Град Скопје. Тоа се според мене критериумите за победа. Јас верувам дека ќе ги исполниме сите овие четири основи за да прогласиме победа. Нормално, на крајот одлуката е на граѓаните. Тоа е само мое чувство ама го темелам на основа на политичкото искуство кое го имам, на основа на анкетите и истражувањата којшто ги очекувам. Сите анкети, вклучително и тие што ги прави ВМРО–ДПМНЕ во нивниот штаб, покажуваат преку 10% поголема разлика во полза на СДСМ во очекувањето на тоа кој ќе победи на изборите.
Има и такви прашања, водиме на анкетите пред изборите, имаме подобри кандидати од нив затоа што навистина сериозно правевме истражување да имаме најдобро можни кандидати. Затоа одиме со „Најдоброто”. Работиме на програмата повеќе од 9 месеци. Секоја општина е специфична со сите детали внатре, прва графа – големи проекти и редовните надлежности на општините, но како човек којшто бил градоначалник ретко кога имало вака содржинска детална понуда за конкретни проекти на локално ниво.” посочи претседателот Зоран Заев во гостувањето во ТВ Шења.
Треба да знаете
Последни објави