Search

Заев од Свети Николе: Пренесувам поздрав од Меркел и Макрон, очекувам преговори во декември

За четири години успеавме да оствариме нешто што 30 години посакувавме, сега државата е членка на НАТО и привлекува инвестиции, кажа претседателот на СДСМ, Зоран Заев на партиската трибина во Свети Николе. Тој кажа дека лани државата доби консензуална одлука за почеток на преговорите и верува дека наскоро пречките во евроинтеграциите ќе се надминат.

-Верувам како оптимист дека до крајот на годината ќе ја имаме првата Меѓувладина конференција и ќе ги отвориме поглавја од преговорите, со зачуван македонски идентитет и јазик, истакна Заев.

Тој кажа дека на трибината дошол веднаш после состаноци со Ангела Меркел и Емануел Макрон и истакна дека ги пренесува поздравите кои тие ги пратиле до народот во Северна Македонија.

-Преку деларација тие испратија позитивни пораки за целиот наш народ и го вратија зборот „проширување“ во сите области и фокусот на Европската унија останува на Северна Македонија и останатите земји од регионот. Поздрави имате и од Фон дер Лејен, Шарл Мишел, Радев и многумина претседатели и премиери, рече Заев.

-Станавме членка на НАТО, ќе бидеме и членка на Европската унија, тоа сме го зацртале, тоа и ќе го направиме, заклучи претседателот на СДСМ.

Треба да знаете
Последни објави