Search

Заев: Во ВМРО-ДПМНЕ и денес зборуваат за чиста Македонија, а ние со секој чекор одиме кон концептот на граѓанска држава

„Не можете во секојдневието, кога работите, да гледате низ призмата Македонци и Албанци, како што прави нашиот политички опоненет. Во Собранието еден куп закони се блокирани поради тоа што биле за Албанците. Во нивните кругови има такви радикални структури и тоа докажани членови на ВМРО-ДПМНЕ кои зборуваат за чиста Македонија“ рече премиерот Зоран Заев во неговото гостување на ТВ Шења.

Тој додаде дека за жал нема подобрувања во ВМРО-ДПМНЕ за градењето на едно општество за сите, бидејќи се уште постојат радикалните структури во партијата.

Заев кажа дека во минатото бил критичен кон ДУИ на оваа тема, но призна дека оваа партија започнува да се менува.

-Еве го ДУИ, спроведе попис. А исто беше ДУИ во Владата кога не се спроведе пописот. Значи не било до ДУИ, било до ВМРО-ДПМНЕ. Сега со СДСМ успеа пописот, ама тогаш Ѓорчев тргна по Фејсбук по видео линија да ги попишува Македонците од надвор, истото тргнаа и ДУИ да го прават и на крајот сфатија дека ако продолжат така ќе не извадат 3,5 милиони и го прекинаа пописот, рече Заев.

Тој кажа дека чекорот кој го направи ДУИ и се фокусираше на зелената агенда, наместо на етничките прашања е модерен и нормален.

-Јас знам во секојдневието што ни се случува, при секојдневните одлуки, при фер распределби, се гледаат аспектите на бројот на жители, бројот на населените места, територијата на општината и слично. Не се гледаат повеќе Македонци и Албанци и така треба да биде. Не можете во секојдневието, кога работите, да гледате низ призмата Македонци и Албанци, како што прави нашиот политички опоненет. Го поздравувам секој исчекор кој што оди кон концептот на граѓаните, доволно беше етнички заедници во државата, рече  Заев.

Тој додаде дека Охридскиот рамковен договор е исполнет, преку 20 отсто од вработените во јавната администрација се Албанците, употребата на јазикот е донесена, сега треба граѓаните да се гледаат еднакво.

-Ако е добар во образованието, во праксата, дај му предност, ако не е добар, гледај како да му помогнеш. Секој ден и јас и Мицокски и Ахмети и Зијадин Села сме на терен и гледаме какви потреби имаат граѓаните. Секојдневието е нивна потреба, на сите децата им се најважни, комуналната инфраструктура, економскиот стандард, рече Заев.

Тој додаде дека внатрешните договори за подобрување на кохезијата меѓу Македонците и Албанците, но и сите други во земјата на крајот на денот се поради подобар стандард за сите.

-Како приврзаник на концептот едно општество за сите и се сметам себе си за еден од лидерите на овој концепт – „Едно општество за сите“. Многу верувам во оваа работа. Јас се надевам дека во иднина сите полити.партии ќе бидат приврзаници на тоа. Граѓаните навистина се еднакви, сега кога одиме по општините, селата, проблемите се исти. Луѓето зборуваат за улицата, водоводот, за канализацијата, за школото , за градинката, спортски сали. Не само како премиер на Владата туку како претставик на најголемата политичка партија, владејачкото мнозинство и генерално во државата, искрено верувам дека не поминуваат негативните кампањи кај луѓето. Не поминуваат. Тоа ги бодри приврзаниците кои секако гласаат за нас, а, кај тие што ги таргетираат а тоа е огромното мнозинство на неопределени граѓани, не поминува кај нив. Затоа апелирам секој пат, да се оди со позитивна кампања како што ми е драго кога гледам дека две десничарски партии од мак.блок ВМРО – ДПМНЕ и АА како десничарка партија работат заедно, се трудат да се разберат. Тоа ќе биде од помош за „Едно општество за сите.“ Нема да биде зијан, рече Заев.

Тој рече дека последните неколку изборни циклуси имаме добри извештаи од ОБСЕ/ОДИХР.

-Тоа се формулации на ОБСЕ/ОДИХР, јас би сакал тогаш е најчисто. Кога би било фер, демократски избори или како ги користат тие, уште почистите формулации би требало да ги има и во нашите извештаи. Јас очекувам дека ќе имаме фер и демократски избори, прво, сите предуслови се запазени. ИЗ со новините со опозицијата, да, сите политички партии внатре па дури и независни кандидати па и помалите полити.партии учествуваа во оваа работа. ВМРО – ДПМНЕ побара отисок на прст, тој го има веќе вградено внатре, кое за нив а беше и наше барање кога бевме опозиција. Дополнителен гарант за „еден човек еден глас“ што е многу важно во демократијата, рече Заев.

Тој рече дека верува   дека тој што ќе победи ако е тоа на нефер, недемократски избори – таа победа не е победа  и порача дека победници сме сите ако имаме фер, регуларни и демократски избори во којшто ќе веруваат сите.

-На крајот, граѓаните знаат да препознаат дали е тоа реакција на некој ако реагира заради тоа што е поразен или има основ …должност на сите е … да имаме фер и демократски избори. Само така сме сите победници. Јас верувам дека ќе ги исполниме сите овие 4 основи за да прогласиме победа. Нормално, на крајот одлуката е на граѓаните. Тоа е само мое чуство ама го темелам на основа на политичкото искуство кое го имам, на основа на анкетите и истражувањата којшто ги очекувам. Сите анкети, вклучително и тие што ги прави ВМРО – ДПМНЕ во нивниот штаб, покажуваат преку 10% поголема разлика во полза на СДСМ во очекувањето на тоа кој ќе победи на изборите. Има и такви прашања, водиме на анкетите пред изборите, имаме подобри кандидати од нив затоа што навистина сериозно правевме истражување да имаме најдобро можни кандидати. Затоа одиме со Најдоброто. Работиме на програмата повеќе од 9 месеци, рече тој.

Треба да знаете
Последни објави