Search

Пендаровски ја започна официјалната посета во Грција

Претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски денеска пред Претседателската палата во Атина, на официјална церемонија со државни и воени почести, беше пречекан од претседателката на Грција, Катерина Сакеларопулу, со што започна неговата дводневна официјална посета на Грција.

Претседателот Пендаровски оствари тет-а-тет средба со претседателката Сакеларопулу. Претходно, Пендаровски положи венец пред Споменикот на незнајниот војник на платото пред Парламентот на Грција.

Треба да знаете
Последни објави