Search

Министерството за одбрана на САД бара задолжителна вакцинација против Ковид-19 од вработените цивили

До 22 ноември, сите цивили кои работат во американското Министерство за одбрана и воена служба мора да бидат целосно вакцинирани против Ковид-19, според новите упатства издадени вчера од Министерството.

Во документот потпишан од заменик – министерката за одбрана Кетлин Хикс се вели дека новата наредба е во согласност со претседателската директива од минатиот месец, со која се наложува федералните служби да ги почитуваат барањата за вакцинација.

– Вакцинирањето цивили против Ковид-19 ќе ги спаси животите на луѓето и ќе ни овозможи да ја браниме нашата земја. Ви благодариме што се фокусиравте на оваа критична мисија, рече Хикс.

Претходно оваа година, Пентагон бараше сите војници да бидат вакцинирани.

Треба да знаете
Последни објави