Search

Кривична за прилепчанец кој преку Фејсбук му се заканувал на кандидат за градоначалник на Прилеп

Полицијата го идентификуваше припчанецот кој  на Фејсбук му се заканувал на др- Борче Јовчески, кандидат за градоначалник на Прилеп од ВМРО-ДПМНЕ

-СВР Битола  Одделение за внатрешни работи Прилеп до Основното јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава против Р.Т. (27) од Прилеп, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело„загрозување на сигурноста’, по член 144, став 4 од Кривичниот законик.
Имено, на 20.09.2021 во ОВР Прилеп Б.Ј. (51) од Прилеп пријавил дека на 19.09.2021, во периодот од 19.00 до 21 часот и на 20.09.2021, на социјалната мрежа „Фејсбук” едно лице од свој профил преку три објави упатило закани кон пријавителот, како актуелен кандидат за градоначалник, и неговото семејство, велат од МВР.

Веднаш се преземени мерки и случајот е расчистен, односно поднесена е кривична пријава против Р.Т. до надлежното обвинителство во Прилеп.

Треба да знаете
Последни објави