Search

Кренати рампите на Јариње и Брњак за сообраќај со налепници на регистарските таблици од Србија и Косово

Постигнатото привремено решение меѓу Србија и Косово постигнато со посредство на ЕУ во Брисел на 30 септември за деескалација на стуација создадена на премините Јариње и Брњак почна да се применува. Сообраќајот од осум часот утрово повторно функционира. Двете страни по две недели ги ослободија граничните премини на северот на Косово, Јариње и Брњак. Сега може да се помине, но со задолжителна налепница на регистарските таблички издадени од властите на Косово и Србија, откако претходни се повлекоа специјалните полициски сили РОСУ на Косово и беа тргнати барикадите поставени од српското население во непосредна лизина на премините.

Мнозинството српско население кое живее во општините на северот на Косово, ги блокираа Јариње и Брњак тринаесет дена поради одлуката на Владата на Косово да спроведе реципрочни мерки кон Србија во врска со регистарските таблички. Во последните десет години, граѓаните на Косово, кои имаат таблички РКС, можеа да влезат во Србија само со пробни таблички издадени од српските институции.

Треба да знаете
Последни објави