Search

Џеко го изедначи рекордот на Роналдо стар 24 години

Един Џеко ова лето премина од редовите на Рома во Интер, а со себе ја понесе и фантастичната голгетерска форма. Репрезентативецот на Босна и Херцеговина блеска на почетокот на сезоната и во досегашните седум натпревари за „нероаѕурите“ постигна шест погодоци. Со тоа го изедначи рекордот на Бразилецот Роналдо кому тоа му помина од рака во дебитантската сезона 1997/98.

Џеко беше херој во синоќешната победа на Интер кај Сасуоло (2-1) со гол постигнат по само 40 секунди по влегувањето, како и изнуден пенал кој потоа Лаутаро Мартинез го претвори во погодок за триумф.

Интер со оваа победа дојде до 17 бодови и се искачи на второто место во италијанската елита, веднаш зад Наполи кој има шест победи во низа и меч помалку.

Треба да знаете
Последни објави