Фрлена бомба во дворот на куќата на Габриел Бајрам

Непознато лице ноќеска фрлило бомба во дворот на семејната куќа на Габриел Бајрам, кандидат за советник на Град Скопје, објави Фокус.

Според информациите, направена е само материјална штета, случајот е пријавен во полиција, а од семејството на Бајрам кратко го потврдиле инцидентот.

-На 03.10.2021 во 00,13 часот во СВР Скопје Г.Б.(40) од Скопје пријавил дека на 02.10.2021 околу 23.56 часот во дворно место од куќа во негова сопственост на подрачје на Чаир непознат сторител фрлил експлозивна направа која предизвикала оштетување на ограда, врата, прозорци и фасада на куќата. Нема повредени лица. Известен е јавен обвинител и се преземаат мерки за расчистување на случајот, велат од МВР.

На ова, според порталот, му претходеле и закани по живот упатени по видео повик, доколку партијата на Бајрам не се повлече од кампањата за локалните избори. И овие закани биле пријавени во полциија.

Непознати лица на 30 септември преку видео повик и пораки му се заканувале по животот на Габриел Бајрам и неговото семејство, кој е претседател на „Сојуз на ромите во Македонија“ доколку неговата партија не се повлече од кампањата за локалните изброри, дознава „Фокус“.

Според информацијата, Бајрам овие пораки ги добил за време на промоцијата на кандидатот за градоначалник на општина Гевгелија, Сашко Поцков.

Треба да знаете
Последни објави