Search

Елмас и Наполи незапирливи, седум од седум

Екипата на Наполи игра перфектен старт во Серија А. Тимот во чии редови настапува македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ја совлада Фиорентина на гости (1-2) и дојде до седмата победа во седмото коло. Наполи со ова го израмни најдобриот старт во својата историја со седум победи во првите седум кола.

Фиорентина одлично го започна натпреварот и прва стигна до водство откако после еден корнер погоди Мартинес Кварта. Неколку минути подоцна Осимен изнуди пенал, голманот на Фиорентина го одбрани ударот на Инсиње, но Лозано ја смести топката во голот за израмнување.

На стартот на вториот дел погоди Рахамани за 1:2, што на крајот се покажа како конечен резултат.

Елиф Елмас влезе во игра во 57-та минута и одигра повеќе од половина час во Серија А, откако пред само три дена, го одигра речиси цел меч против Спартак Москва.

За Наполи, ова е седма победа во седмото коло и останува перфектен лидер на табелата со 21 освоен бод, а скок денеска забележа и Рома која на домашен терен рутински го победи Емполи со 2:0. По непријатниот дерби пораз од Лацио минатиот викенд, избраниците на Мурињо победија со головите на Пелегрини и Мхитаријан.

Треба да знаете
Последни објави