Георгиевски од Страчинци, Синѓелиќ и Инџиково: Го носиме најдоброто за нашите деца, градиме две нови градинки и училишна сала

Кандидатот за градоначалник на општина Гази Баба оствари средба со жителите на населените места Страчинци, Синѓелиќ и Инџиково.

Пред граѓаните ја нудиме најдобрата програма, која нуди конкретни решенија за граѓаните, проекти за секое маало, за секое населено место.

Изградба на фекална канализација и пречистителна станица во ова населено место, реконструкција на фудбалскиот терен и уредување на просторот кај последна 65-ка со нова урбана опрема. Изминатиов период го реконструиравме и опремивме подрачното училиште „Кирил и Методиј” во Страчинци. Следно што за ова подрачно училиште подготвуваме е изградба на мала училишна сала.” посочи кандидатот за градоначалник на СДСМ и коалицијата НАЈДОБРОТО ЗА ГАЗИ БАБА, Борис Георгиевски.

Жителите на Синѓелиќ знаат што е најдобро за нивното населено место. Знаат и прават разлика, колку е вложено овие четири години, а колку изминатите 20 години за Синѓелиќ.

 „Ја реализиравме првата фаза од проектот за покривање на каналот, а следува следната фаза за изградба на плоштадот пред месната заедница, која исто така целосно ја реконструиравме. На теренот од ФК Фортуна поставивме ново рефлекторско осветлување, а се гради и спортски центар со отворени и покриени спортски терени за фудбал и кошарка. Изминатиов период ја реконструиравме комплетно улица 28, а веќе работиме на улицата 22. Паралелно работиме и на улицата Христофер Жефаровиќ која по обновената водоводна мрежа, треба да биде асфалтирана.” ова се само дел од проектите кој се реализирани во ова населено место изминатите 4 години, рече Георгиевски.

 Во дворот од старото училиште градиме нова детска градинка со капацитет за 100 деца, која содржи 4 занимални и 1 група јасли. Веќе е подготвен проект и започнуваме со изградба и на нов објект на местото од старото училиште „25-ти Мај”. Се само дел од проектите кој го носат најдоброто во Синѓелиќ.

Нова градинка градиме и во населеното место Инџиково, олеснувајќи им на родителите и овозможувајќи услови за грижа на нивните дечиња во периодот додека се они на работа.

 Изминативе седум дена кампања добививаме безрезервна поддршка од сите граѓани. Подготвени сме за уште една голема победа во Гази Баба. Победа на најдоброто.

Треба да знаете
Последни објави