Search

Ана Петровска и Зелен Хуман Град ја презентираа програмата- Да си го вратиме Скопје

Програмата зад која стоиме и со која настапуваме на овие локални избори, за градоначалник на Град Скопје, е спремна. Заедно со граѓаните, со предложените идеи, со многу часови работа и консултации со членовите на Зелен Хуман Град, составивме програма која му обезбедува на Скопје зелена и хумана иднина.

Скопјани заслужуваат здрав живот, функционална локална власт, зелени површини, чист воздух, намален метеж, заштита од урбанистичката мафија. На главниот град му е потребна еколошка и културна трансформација. Време е за промени, ова е момент на пресврт. Бизнисот и личните интереси се ставаа пред здравјето и потребите на граѓаните. Доволно беше. Стручни и ценети луѓе во своите професии можат да му донесат свежина на Скопје, можат да му го вратат препознатливиот сјај.Нашата програма нуди решенија за голем број проблеми на граѓаните, нудиме зелени решенија, нудиме еколошки и економски развој на градот, бидејќи сите ние заедно го заслужуваме тоа.

Проектите се реални, не ветуваме нешто што не можеме да исполниме. Имаме желба, имаме знаење и најважно, спремни сме за работа. Бидејќи Скопје и скопјани заслужуваат зелен и хуман град.

Линк до изборната програма: https://zhg.mk/programa-2021/

Треба да знаете
Последни објави