ПМФЛ: Шкупи ја продолжи победничката серија

Екипата на Шкупи ја забележа четвртата победа во низа, откако попладнево триумфираше на домашен терен над скопскиот ривал Работнички со 2:0 (1:0) и се врати на лидерското место во Првата македонската фудбалска лига (ПМФЛ).

Во завршниот натпревар од 9. прволигашко коло, Шкупи дојде до шестата овосезонска победа со головите на Нигериецот Сандеј Адетуњи (10. мин), и Кристијан Трапановски (73)

9. коло резултати (сабота)

Шкендија – Борец 3-0, Брегалница – Струга 1-0, Скопје – Академија Пандев 0-0, Македонија ЃП – Ренова 1-1, Пелистер – Тиквеш 0-0.

Табела: Шкупи 20, Ренова 18, Академија Пандев 15, Работнички 15, Шкендија 14, Струга 13, Брегалница 13, Македонија ЃП 10, Скопје 9, Борец 7, Тиквеш 6, Пелистер 4.

Треба да знаете
Последни објави