Search

Суарез со гол и асистенција во триумфот над Барса го поздрави Куман

Атлетико Мадрид после години и години неуспеси против Барселона, сега има серија од три меча без пораз против Каталонците, а вечерва ги совладаа со рутински 2-0, и уживаа во тоа. Двата гола паднаа во првото полувреме, едниот погодок беше на Луис Суарез, а Барса покажа немоќ и во одбраната и во нападот.

Атлетико Мадрид беше перфектен на терен, а Барселона ја реши поранешниот играч Суарез, кој беше избркан од клубот токму од Куман. Уругваецот по една перфектна акција која започна од Жоао Феликс асистираше до Томас Лемар за првиот гол во 23. минута, а потоа во 44. минута самиот се запиша во листата на стрелците, а Лемар му беше асистент. По погодокот на Суарез, смешна реакција имаше Куман во ложата, откако го прикри лицето со раката.

Сега Суарез има дадено гол против сите 31 екипи во Шпанија против кои што играл. Тој не го прославуваше голот, молеше за прошка, но не заборави да се сврти кон ложата каде што седеше Роналд Куман и да го потсети на телефонскиот разговор во кој тренерот му кажа на Уругваецот да си бара нов клуб, бидејќи го смета за непотребен во Барселона.

Како играч на Барса, Суарез на 18 меча даде 8 гола против Атлетико, а сега како Јорганџија, на два меча против Барса има еден гол.

За Атлетико ова беше петта победа во Примера и тимот е втор на табелата. Барселона има 12 бода, што е пет помалку од најдобрите екипи во Шпанија и се наоѓа на десеттото место. Следи репрезентативната пауза, а по неа Атлети игра со Сосиедад, а Барса е домаќин на Валенсија.

https://twitter.com/fcsalah11/status/1444390817641205761?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1444390817641205761%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fsportmanija.mk%2Freaktsijata-na-kuman-posle-golot-na-suares-stana-hit-na-sotsijalnite-mrezhi-video%2F

Треба да знаете
Последни објави