Search

,,Рено” и ,,Мерцедес” се судрија во Волково, едно лице тешко повредено

На 01.10.2021 во 19,40 часот на ул.Волковска во Скопје е пријавена сообраќајна несреќа помеѓу патничко моторно возило „рено лагуна” со скопски регистарски ознаки, управувано од З.Г.(51) од Скопје, и патничко моторно возило „мерцедес” со скопски регистарски ознаки, управувано од Ж.Ѓ.(31) од Скопје. Со повреди се здобиле возачот Ж.Ѓ. и малолетна сопатничка од Скопје, додека сопатничката С.Ѓ.(32) од Скопје се здобила со тешки телесни повреди констатирани во комплекс клиники „Мајка Тереза” каде им била укажана лекарска помош. Увид на лице место извршила екипа од СВР Скопје.

Треба да знаете
Последни објави