Search

Дутерте: По завршувањето на мандатот се повлекувам од политиката

Филипинскиот претседател Родриго Дутерте денеска изјави дека нема намера да се кандидира за потпретседател на земјата на изборите во 2022 година и дека ќе се повлече од политиката, што потенцијално ќе го отвори патот за неговата ќерка да се кандидира за највисокото место во земјата, пренесуваат француските меидуми.

-Преовладувачко е чувството меѓу Филипинците дека не сум квалификуван и би било кршење на Уставот доколку го заобиколам законот, духот на Уставот, доколку се кандидирам за потпретседател, рече Дутерте.

„Денеска го објавувам своето повлекување од политиката”, додаде актуелниот филипински претседател.

Треба да знаете
Последни објави