Search

Во Франција пронајдени 700 кг кокакин скриен во камион со ракчиња

Француската полиција пресретнала камион со околу 700 килограми кокаин скриен меѓу дваесет тони ракчиња во северозападна Франција.

Како што пренесуваат странските агенции, две лица се приведени во акција кај Ле Авр.

Полицајците го запреле камионот додека излегувал од пристаништето.

Меѓу кутиите со ракчиња од Екватор, пронајдени се 11 вреќи со вкупно 687 килограми кокаин, во вредност од повеќе од 40 милиони евра.

Еден од четворицата осомничени е приведен, а останатите се во бегство.

Треба да знаете
Последни објави