Search

Илиевски од 3 МУБ: Да не дозволиме Куманово да биде опозиција, ајде да градиме, да аплицираме за проекти, заедно со министрите кои ни се ветар во грб да го изградиме Куманово во модерен град

Денеска кандидатот за градоначалник на Општина Куманово, Оливер Илиевски на мини митинг пред граѓаните на 3 МУБ истакна дека СДСМ е победник на локалните избори затоа што програмата е од граѓаните и за граѓаните и го претставува Најдоброто решение за нивните проблеми, а само дел се изградба на современ кеј, реконструиран градски стадион, модерен плоштад со шеталиште и со подземно паркиралиште, како и две детски градинки.

“Со Мој Еколог ќе го уредиме секое маало во градот, да го напуштиме старото кампањско уредување и чситење, со континуирано и секојдневно одржување на јавните површини од страна на вработени еколози„, потенцираше Илиевски.

Пред граѓаните на 3 МУБ Илиевски се обврза на решавање на нивните проблеми – Изградба на тротоар на улица Тоде Думба, реконструкција на скали на улица Драган Стопаревиќ и Тоде Думба, изградба на тротоари, асфалтирање на улици, уредување со дрвореди.

Тој потенцираше граѓаните да не дозволат Куманово да биде опозиција, да ја искористиме историската шанса, заедно со министрите кои се ветар во грб, особено Спасовски, да се гради Куманово во еден модерен и зелен град.

Илиевски ги повика граѓаните да го заокружат бројот 12, за најдобрата понуда на СДСМ, за конечно решавање на проблемите за кои е срамота да се зборува во 21 век.

Треба да знаете
Последни објави