Search

Извештајот од Крим-техника од увидот во тетовската болница доставен до обвинителството

Денеска до тетовското Основно јавно обвинителство пристигнал полицискиот извештај од извршениот увид во изгорената модуларна болница во која загинаа 14 луѓе, објави ТВ Канал 5.

Овој извештај ќе биде разгледан и анализиран, известуваат од обвинителството, од каде уверуваат дека петмина обвинители континуирано работат на утврдување на причините за настанатиот пожар.

-Во моментов се врши сослушување на членови на комисии за имплементација, седење на технички прием на модуларните монтажни контејнери , кои биле со решение формирани од министерството за труд и социјална политика, велат од Јавното обвинителство.

Од ЈоО вчера информираа дека се определени четири јавни обвинители од Вишото јавно обвинителство Гостивар и Вишото јавно обвинителство Скопје за евентуална помош доколку обвинителите што ја водат постапката за пожарот во Модуларната болница во Тетово,  сметаат дека им е потребна, како и за консулација по определен прашања во постапувањето.

Модуларната болница изгоре на 8 септември доцна вечерта, 12 пациенти болни од Ковид и двајца придружници на болните изгореа во пожарот кој се ширеше со неверојатна брзина.

И покрај сите јавно објавени информации за пропусти и одговорност при изградбата, одржувањето и управувањето со болницата, обвинителството засега не отвори предмет против никој, а се чека крај на истрагата за да се одлучи и за функционерската одговорност по понудените оставки.

Треба да знаете
Последни објави