Search

Заев: Коциќ има решенија, неговата посветеност и визија се гаранција дека развојот продолжува

„На овие избори излегуваме со решенија за проблемите на локално ниво, што ќе бидат целосно исполнети и вие знаете дека тоа ќе се случи, бидејќи СДСМ докажа дека работи на решенија, а решенијата за Велес ги има доктор Ненад Коциќ и неговиот тим”, порача претседателот на СДСМ Зоран Заев вечерва од Велес.
„За Коциќ вие знаете повеќе од мене сигурно, оти е еден од вас. Човек кој со децении не само што доктор помага на сите, туку и активно се вложува да му помогне и на својот град. Непроценлив е влогот на д-р Ненад Коциќ во борбата против велешката топилница и во низа други активности Велес да биде вистинска еколошка и напредна општина. Ништо помалку не е ниту неговиот придонес како пратеник во Собранието, каде секојдневно се бори против блокадите, деструкциите и лагите на ВМРО-ДПМНЕ за да го остариме она што сме го ветиле, за да ги застапува вашите интереси. Наградата за се што стори на сите можни полиња Коциќ ќе ја добие од вас на 17 октомври, а со тоа ќе се наградите и себеси, одбирајќи го најдоброто”, порача Заев.
Претседателот Заев посочи дека посветеноста на Коциќ, неговата одговорност и визија се гаранцијата дека Велес ќе продолжи да се развива.
„Гаранција за тоа се и неговите проекти во Програмата која е реална, остварлива и развојна. Еден од клучните проекти во Програмата на Коциќ е Велес – Град без отпад со што тој ја потврдува неговата бескомпромисна борба против загадувањето и посветеноста на обезбедување здрава животна средина.  Преку овој проект ќе обезбедиме целосно чист град, чистење на јавните површини и отворени простори во градот. Зелената агенда на СДСМ и Коциќ на дело! А централната власт ќе продолжи и понатаму да помага на општините. Локалните власти се први до граѓаните, први на кои граѓаните им се обраќаат и бараат помош. Затоа ќе продолжи пренесувањето на повеќе надлежности од централно – на локално ниво и обезбедувањето повеќе пари за општините”, порача Заев пред граѓаните во Велес.
Треба да знаете
Последни објави