Search

(Видео) Елмас даде гол во првата минута, но Спартак славеше во Неапол

Елиф Елмас се запиша во историјата и на италијанскиот фудбал и на Европа Лигата со погодок за Наполи во 11. секунда, вечерва против Спартак Москва. Нашиот репрезентативец со убав удар ја затресе мрежата на рускиот тим и тоа е најбрзиот гол за италијанска екипа во историјата на Европа Лигата.

Сепак, фудбалерите на Спартак ја искористија предноста од фудбалер повеќе која ја имаа на „Диего Армандо Марадона“ и го победија Наполи со 2-3 (1-0) во второто коло на Лигата на Европа.

Во 30. минута следеше исклучување за Марио Руи па сето тоа повеќе од успешно го искористија гостите од Русија. Промес најпрво во 55. минута израмни на 1-1, а потоа во 80. минута Игнатов постигна гол за целосен пресврт и водство од 1-2 на Спартак Москва. На 1-3 потоа зголеми Промес во 90. минута од средбата, а поразот го ублажи Осимхен со голот во четвртата минута од судиското продолжение.

Голот на Елмас не е и најбрз во историјата на ова натпреварување и е рангиран како четврти вкупно според времето на постигнување.

Треба да знаете
Последни објави