Search

Јувентус подобар од Челзи, дебакл на Барселона во Лисабон

Јувентус го победи актуелниот европски првак Челзи и тоа минимално со 1:0 во дербито на вечерта во Лигата на шампиони. Моментот на одлуча се случи на стартот на второто полувреме кога Федерико Киеза го матираше Менди.

Погодокот на Киеза е историски во ЛШ, затоа што беше постигнат по само 10 секунди откако започна вториот дел и е најбрз во историјата, откако во 2003 година се води статистиката на Опта.

Барселона е без бодови по две кола, откако претрпе нов убедлив пораз. По 0:3 на свој терен од Баерн Минхен, сега каталонскиот тим загуби со 3:0 на гости кај Бенфика. Уште по три минути игра Бенфика ја најави големата победа кога погоди Дарвин Нуњес. Домаќините дадоа уште два гола во второто полувреме за голема победа над фаворизираните гости.

Баерн Минхен уште еднаш потврди дека е еден од најголемите фаворити за европската титула, откако дома со 5:0 го победи Динамо Киев. Роберт Левандовски даде два гола во првото полувреме, а во вториот дел по еднаш прецизни беа Гнабри, Сане и Чупо-Мотинг.

Нерешено со резултат 1:1 заврши дуелот меѓу Волфсбург и Севилја, додека Салцбург со 2:1 го победи Лил. Претходно денеска, Аталанта минимално со 1:0 славеше над Јанг Бојс, додека Зенит убедливо со 4:0 го победи Малме.

Треба да знаете
Последни објави