Search

Скандал на погребот: Синот на Марина Туцаковиќ ги избркал Цеца и Саша Матиќ

На Новите гробишта во Белград денеска беше погребана Марина Туцаковиќ. Бројни пријатели, колеги и роднини се собраа на нејзиното вечно почивалиште, меѓу кои многубројни познати личности од српската естрада.

Сепак, погребот го одбележа скандал кога синот на Туцаковиќ, Милан Радуловиќ им забранил на Цеца Ражњатовиќ, Саша Матиќ и на Милан Калиниќ да пријдат до гробот.

-Вие не се доближувајте, останатите можете, наводно им рекол тој на српските ѕвезди, па присутните се шокирале од тоа што го слушнале.

Од ПР службата на Цеца немаа коментар за скандалот, а ниту Радуловиќ не сакаше да коментира и објасни зошто наводно протерал некои познати личности од погребот.

– Денес имаше погреб и јас сум во жалост следните 40 дена и нема да давам изјави. Кога ќе помине тагата ќе зборувам, рече Радуловиќ.

Инаку, членовите на семејството ја испочитуваа нејзината последна желба да биде погребана покрај нејзиниот син Милош кој почина пред 13 години. Сандукот беше покриен со црвени ружи, а на истиот стоеше емотивната порака од сопругот и синот.

Треба да знаете
Последни објави