Search

Пресврт на Јунајтед против Вилјареал, Роналдо во 95. минута му донесе победа

Манчестер јунајтед за прв пат во шестиот меч го победи Вилјареал и тоа на неверојатен начин. Црвените ѓаволи славеа со 2:1, а сите три гола беа постигнати во второто полувреме. Кристијано Роналдо кој на овој меч стана рекордер по бројот на настапи во Лигата на шампиони, беше херојот на домаќините. Роналдо го даде победничкиот гол во петата минута од судиското надополнување, односно само неколку секунди пред судијата да отсвири крај.

Вилјареал прв поведе и тоа со погодокот на Пако Алкасар во 53 минута, а само седум минути подоцна, Манчестер јунајтед израмни со фантастичниот гол на Алекс Тељес.

Кога се очекуваше да заврши нерешено, се појави Роналдо и по кој знае кој пат се покажа како херој за својот тим.

Треба да знаете
Последни објави