Search

УЕФА: Одлуката на шпанскиот суд за Супер лигата е „пристрасна”

УЕФА денеска поднесе барање до мадридскиот суд да биде изземен судијата, кој го води спорот меѓу Европската куќа на фудбалот и основачите на Супер лигата, Реал Мадрид, Барселона и Јувентус, и воедно поднесе жалба до Високиот суд во Мадрид поради „значителни неправилности во постапката”.

Од УЕФА посочија дека судијата, кој го води спорот е пристрасен и затоа очекуваат негово изземање во согласност со шпанското законодавство и во интерес на правдата.

Поаѓајќи од одлуката што мадридскиот суд ја донесе вчера, УЕФА мораше да ја суспендира дисциплинската постапка против Реал, Барселона и Јувентус, преостанатите три клубови, кои сè уште се поврзани со проектот за формирање Супер лига.

Паралелно со ова, УЕФА наведе дека и натаму ќе презема постапки во согласност со националните законодавства и законите на УЕФА со цел да ги заштите своите и интересите на сите страни вклучени во европскиот фудбал.

Треба да знаете
Последни објави