Search

Спалети: Очекувањата во Наполи се зголемија

Тренерот на италијанскиот фудбалски калчолигаш Наполи, Лучијано Спалети почна да чувствува притисок по убедливиот старт во Серија А. Наполи вчеравечер го победи Каљари со 2:0 и има максимални 18 бода по шест одиграни кола.

– Сè уште треба да ја подобриме играта во напаѓачката третина од теренот. Честопати стигнуваме до противничкиот шеснаесетник и не можеме да влеземе во него. Треба да научиме како да го претвориме поседот на топката во удари кон голот. Значи, имаме уште што да се подобруваме, има потенцијал за ова. Игравме добро, цело време ја контролиравме играта. Но, би било подобро ако го решиме исходот на натпреварот порано. Сега очекувањата на сите од нас се зголемија. Ајде да видиме како ќе реагираме кога ќе дојдат тешкотии. Треба да знаеме кои сме, што сакаме, бидејќи другите тимови наскоро ќе почнат да земаат замав. Штом ќе влезат во ритам и тие исто така ќе почнат да победуваат шест натпревари по ред, изјави Спалети.

По Наполи кој е лидер на табелата со максимални 18 бода, се наоѓа Милан со 16, Интер со 14, Рома и Фиорентина со по 12.

Треба да знаете
Последни објави