Search

Донарума нема да го напушти ПСЖ во зимскиот трансфер рок

Голманот Џанлуиџи Донарума не планира да го напушти Пари Сен-Жермен во зимскиот преоден рок, објави на Твитер новинарот Фабрицио Романо.

Претходно, имаше гласини дека фудбалерот може да ја смени клупската средина претстојната зима, бидејќи не е задоволен од фактот дека не е прва опција за почетниот состав.

Манчестер сити и Реал Мадрид покажаа сериозен интерес за голманот на италијанската репрезентација.

За потсетување, Донарума се приклучи на ПСЖ како слободен агент во летниот преоден рок. Оваа сезона, Италијанецот учествуваше на два натпревара од францускиот шампионат, на кои прими еден гол.

Треба да знаете
Последни објави