Search

Прва победа за Тиквеш во тековната сезона од ПМФЛ

Екипата на Тиквеш ја забележа првата победа во сезоната 2021/22 во Првата македонска фудбалска лига. Кавадарчани попладнево го совладаа тимот на Македонија ЃП.

Резултати на петте натпревари од 8. коло одиграни попладнево:

Борец – Скопје 0:2
Работнички – Пелистер 1:1
Ренова – Брегалница 5:2
Струга – Шкендија 1:1
Тиквеш – Македонија ЃП 3:0.

Од 18 часот играат Академија Пандев – Шкупи.

Табела: Ренова 17 бода, Работнички 15, Шкупи и Академија Пандев по 14 и натпревар помалку, Струга 13, Шкендија 11, Брегалница 10, Македонија ЃП 9, Скопје 8, Борец 7, Тиквеш 5 и Пелистер 3.

Треба да знаете
Последни објави