Search

Наполи славеше над Каљари и се зацврсти на лидерската позиција

Наполи е незапирлив на почетокот на новата сезона во Серија А.

Во шестото коло го забележаа шестиот триумф овојпат против Каљари со резултат 2:0 и со тоа ја зацврстија лидерската позиција со максимални 18 поени.

Наполитанците фуриозно го започнаа натпреварот со јасна намера, а тоа е да освојат три нови бода.

Во првите десет минути имаа две добри шанси преку Осимен, а во 11. минута споменатиот фудбалер ја имаше третата среќа. Ја затресе мрежата на гостите од Сардинија за водство од 1:0, асистент беше Зиелински.

По голата следуваше доминација на Наполитанците. Зиелински и Инсиње пропуштаат две одлични можности. Гостите малку затреперија кон крајот на првото полувреме кога Жоао Педро имаше добра шанса.

Зиелински во 47. минута не ја круниса одличната акција на домашниот тим, но славјето пристигна во 57. минута. Беше досуден пенал за Наполитанците, а сигурен стрелец за 2:0 беше Лоренцо Инсиње.

До крајот на натпреварот, уште неколку шанси пред двата гола, но остана 2:0 за Наполи.

Наполи сега има два бода повеќе од Милан и четири бода повеќе од актуелниот шампион Интер.

Треба да знаете
Последни објави