Search

Арсенал за едно полувреме го реши севернолондонското дерби (ВИДЕО)

Арсенал го совлада Тотнем со 3-1 во рамки на големото лондонско дерби од 6.коло во Премиерлигата.

Домашниот тим го реши победникот за едно полувреме, поточно во првото. Младиот Емил Смит-Роу го постигна првиот гол во 12.минута. Пјер-Емерик Обамејанг погоди за 2-0 во 24.минута, а Букајо Сака реализираше во 34.минута за 3-0.

Спарс само го ублажија поразот со голот на Хјонг-Мин Сон во 79.минута.

За „топчиите“ ова беше трет триумф во низа, додека Тотнем го запиша третиот пораз во низа.

Треба да знаете
Последни објави