Search

Радукану го отпушти тренерот што ја доведе до победа на УС Опен

Осумнаесетгодишната тенисерка Ема Радукану, која стана суперѕвезда по сензационалната победа на УС Опен, објави крај на соработката со тренерот Ендрју Ричардсон, кој и помогна да триумфира во Њујорк. Тренерот беше ангажиран за да работи за летната серија турнири, и во моментов, Радукану нема планови за продолжување на соработката со него.

-Во оваа фаза од мојата кариера, ми треба некој со искуство за работа на турнири во ВТА ​​на највисоко ниво, објасни тенисерката која кон средината на август беше рангиран на 150. место на светската ранг-листа и не можеше да се квалификува за учество на големи натпревари без поминување на тешки квалификации.

Сега Радукану е 22. во рејтингот и добредојден учесник на секој турнир.

Треба да знаете
Последни објави