Search

Роналдо покрај стрелец се покажа и како добар суфлер за голманот Де Хеа

Пред полн стадион во Лондон, Вест Хем и Манчстер Јунајтед во рамките од 5. коло во англиската премиерлигашка конкуренција одиграа неизвесен меч кој го добиија „црвените џаволи“ (1:2). Судијата на овој меч дури 3 пати не прифати да досуди пенал по сомнителни ситуации, на крај собра храброст покажа на белата точка за домаќините, кои не го реализираа. Заслуга за тоа му се препишува на голманот Давид де Хеа и напаѓачот Кристијано Роналдо кој го постигна израмнувачкиот гол по водството на домаќинот на 1:1 Ова беше четврти гол на три меча по враќањето во Јунајтед за Роналдо, кој сепак на овој меч на социјалните мрежи се прикажува како добар суфлер.

Се појави слика на којашто се гледа како на неколку моменти пред Марк Нобл од Вест Хем да го изведе пеналот Роналдо му покажува на голманот Де Хеа каде ќе биде упатен ударот. Де Хеа ја прифати сугестијата и го одбрани ударот од белата точка.

 

Треба да знаете
Последни објави