Search

Јунајтед го победи Вест Хем, Де Геа одбрани пенал во 95-та минута

Вест хем добро се држеше во мечот против Манчестер јунајтед, но сепак на крајот загуби со 1-2, додека Брајтон го шокираше Лестер со 2-1 на домашен терен.

Бенрама им донесе водство на „чеканите“ во 30. минута откако неговиот удар се одби од Варан и заврши во мрежата на Де Хеа, но пет минути подоцна Кристијано Роналдо погоди за 1-1.

Во второто полувреме имаше добри шанси на двете страни, но „црвените ѓаволи“ ја продолжија победничката серија благодарение на Џеси Лингард, кој погоди во 89. минута. А потоа и Де Хеа му одбрани пенал на Нобл во последната минута од средбата.

Треба да знаете
Последни објави