Search

Почина легендарниот Бојси, ѕвездата на „Сплетки“

Британскиот актер Џон Чалис починал „мирно во сон, по долгата борба со ракот“.

Ѕвездата, која беше најпозната по глумата на Теренс „Бојси“ Бојс во серијата „Сплетки“ (Only fools and horses), имаше 79 години.

Неговото семејство ја сподели тажната вест за неговата смрт.

Во соопштението се наведува дека зад актерот „останува големо наследство во кое луѓето ќе уживаат и ќе се смеат уште многу години“.

Џон ја започна својата ТВ-кариера во 1967 година, глумејќи во филмовите „The Newcomers“ и „Z-Cars“.
Во текот на годините, тој исто така се појавуваше во „Coronation Street“, „Doctor Who“, „Open All Hours“ и безброј други емисии.

Чалис глумеше во повеќе од 70 телевизиски серии, седум филмови и неколку радиодрами. Имаше и значајни улоги во театрите во Лондон и Њујорк, но е најпознат по ликот на Теренс Обри Бојс во британската серија „Сплетки“, која премиерно беше емитувана од 1981 до 1991 година, со повремени божиќни специјали што беа прикажувани сѐ до 2003 година.

Напишал две автобиографски книги – „Да се биде Бојси“ и „После Бојси“.

Тој глумеше во неколку филмови, последен пат во „Dream and Subterrain“ во 2001 година.

На почетокот на месецот, Чалис морал да ја откаже турнејата поради болеста.

Треба да знаете
Последни објави