Search

Бритни Спирс прави пауза на социјалните мрежи по свршувачката

Американската поп sвезда Бритни Спирс најави дека прави пауза од социјалните мрежи за да ја прослави свршувачката.

39-годишната Бритни минатата недела објави дека ќе се омажи за нејзиното долгогодишно момче, а сега и свршеник, Сем Асгари.

Откако го избриша својот профил на Инстаграм, Спирс им рече на фановите на Твитер: „Не грижете се … наскоро ќе се вратам“.

Таа ги користеше своите профили на социјалните мрежи за да ги известува фановите за правната битка за ставање крај на 13-годишниот конзерваторски надзор, кој го контролира нејзиниот личен живот и финансии. Ваквиот надзор беше наметнат во 2008 година, кога се појави загриженост за нејзиното ментално здравје.

Според неколку американски портали, пејачката пред да го избрише својот Инстаграм-профил споделила објава на Инстаграм во која пишува: „Чекав 13 години за својата слобода“.

Треба да знаете
Последни објави