Search

Џенифер Хадсон се чувствувала под притисок глумејќи ја Арета Френклин во Respect

Џенифер Хадсон откри дека воопшто не ѝ било лсно да ја портретира кралицата на соул музиката Арета Френклин во Respect.

40-годишната пејачка и актерка глуми во новиот биографски филм за музичката икона, и открива дека е „страшно“ да се преземе таква улога.

„Да ја глумиш самата кралица, Арета Френклин, тоа беше најстрашното нешто досега,“ вели Џенифер во интерву за британски „Индипендент“.

„Очигледно, таа не може да се дуплицира. Знам што таа претставува и што значи за светот – вклучително и за мене. Не е лесно кога ти е доверено такво нешто. Воопшто не го сфатив тоа лесно.“

Сепак, таа имала корист од тоа што била долгогодишен фан на покојната sвезда.

„Познавањето на нејзината музика ми помогна да се подготвам,“ изјави таа за британскиот весник.

Треба да знаете
Последни објави