Џенифер Лопез и Бен Афлек рака под рака на црвениот тепих во Венеција

Џеј Ло и Бен Афлек во јули ја озваничија нивната врска нa Инстаграм, но сега тие се официјални и на црвениот тепих.

Сè старо беше повторно ново на Филмскиот фестивал во Венеција во петокот, бидејќи новиот пар, претходно верени од 2002 до 2004 година, се појави на свечената премиера на „Последен двобој“.

Лопез (52) и Афлек (49) го запечатија новото помирување со бакнеж.

Медиумите ова го искоментираа како официјално лансирање на парот Бенифер 2.0.

Афлек и Лопез слетаа на аеродромот во Венеција во четвртокот пред да отпатуваат во градот со такси – глисер Confusion. Нивното пристигнување стави крај на неколкунеделните шпекулации за тоа дали двојката ќе присуствува на филмскиот фестивал и ќе го направат своето прво големо деби на црвен тепих по повторното обединување.

Шпекулациите завршија конечно кога Лопез излезе на тепих во бел фустан, со синџир скапоцени камења околу вратот и раката на Афлек околу половината.

Тие позираа заедно со актерите Мет Дејмон и Џоди Комер и режисерот Ридли Скот на светската премиера на историската драма „Последниот двобој“, вистинита приказна за предавство и одмазда, сместена во Франција во 14 век.

Афлек и Дејмон ги глумат главните улоги во историската драма, адаптација на книгата на Ерик Јагер.

 

Треба да знаете
Последни објави