Search

Џејмс Франко и Изабел во романтично бегство на Миконос

Папарацо фотографите го уловија холивудскиот шармер Џејмс Франко на дело како разменува нежности со неговата девојка Изабел Пакзад, актерка и продуцент, на одмор на грчкиот остров Миконос.

43-годишниот кандидат за „Оскар“ се пофали со одлична фигура во сиви шорцеви за пливање додека се натопува во кристално чистата вода.

По сончањето парот се олади во водата.

 

Џејмс Франко, ѕвездата од “Спајдермен”, чија насмевка беше прогласена за најдобра во Холивуд, освои „Златен глобус“ за улогата во филмот The Disaster Artist.

Треба да знаете
Последни објави