Search

Принцезата Шарлин е подготвена да се врати дома, вели принцот Алберт

Среде многуте гласини во врска со стабилноста на нивниот брак, принцот Алберт од Монако даде интервју за продолжениот престој на неговата сопруга во Јужна Африка и кога очекува таа да се врати.

„Тајмс“ објави претходно оваа недела дека во Франција, соседот на Монако, се појавија гласини за наводен крај на бракот на суверенот на кнежеството, принцот Алберт и неговата сопруга принцезата Шарлин, родена во Зимбабве. Весникот пишува дека со недели, таблоидите и весниците шпекулираат дека нивниот брак е пред распаѓање.

Наспроти гласините, принцот Алберт постави солиден фронт и за магазинот „Пипл“ рече дека принцезата Шарлин е желна да се врати дома и се надева дека ќе може да го стори тоа порано од очекуваното. Тој возврати на извештаите кои сугерираат дека брачните проблеми – а не здравствените – ја држат настрана.

Интервјуто доаѓа по веста дека Шарлин е во стабилна состојба откако во средата вечерта била итно префрлена во болница на северниот брег Квазулу-Натал. Фондацијата на Принцеза Шарлин соопшти: „Нејзиното височество Принцезата Шарлин од Монако беше итно пренесена во болница со амбулантна кола доцна во средата навечер, откако колабираше поради компликации од тешката инфекција на увото, носот и грлото, од која се зарази во мај.Нејзиниот медицински тим потврди дека принцезата е стабилна.“

Принцот Алберт и принцезата Шарлин последен пат беа јавно видени заедно во Монако на 26 јануари. Два месеци подоцна, Шарлин замина за Јужна Африка, нејзината родна земја каде беше шампионка во пливање пред да се вљуби во Алберт за време на Олимпијадата во Сиднеј во 2000 година – што доведе до брак една година подоцна.

Треба да знаете
Последни објави