Search

Карди Би се породи и собра 11 милиони лајкови од снимката со бебето

Една од најбурните врски во светот на познатите ја освои втората круна – Карди Би и Офсет станаа родители по вторпат!

Раперката Белкалис Алманзар, позната како Карди Би, се породи и на свет го донесе своето второ дете.

Таа со сопругот веќе ја има ќерката Калчр, а круната на нивната љубов пристигнала на 4-ти септември.

Карди родила момче и објавила фотографија со Офсет и бебето на својот Инстаграм профил. Тие двајца, дури и во болнички кревет сакаат да бидат опкружени со луксуз, па покриени се со Луј Витон ќебенце.

„Веќе и семејството и пријателите толку го сакаат. Едвај чекаме да го запознаеме со браќата и сестрите“, рекол парот во изјава за „People“.

Инаку, Офсет покрај ќерката Калчр, која ја добил со Карди, од претходните врски има три деца – Џордан, Коди и Кали.

Карди во јули потврди дека го чека второто дете, така што објави гола фотографија на која е покриена со бела боја и се држи за трудничкиот стомак.

Истиот ден се појавила во Долче и Габана комбинезон на доделувањето на БЕТ наградите, придружувајќи му се на Офсет и на неговата група Мигос за време на перформансот.

Медиумите многупати пишуваа за неверството на Офсет, а јавна тајна е дека раперот ја изневерил Карди многу брзо откако се родила Калчр. Тогаш се разделиле, но не засекогаш. Иако се појавија гласини дека Офсет чека бебе со друга жена, Карди го демантирала тоа и истакнала дека тој не ја ни изневерил.

Треба да знаете
Последни објави