Search

(Видео) Протекоа првите снимки од „свадбата на годината“ во Сараево на која кум беше Ердоган

Во Сараево се одржа свадбата на годината. Јасмина Изетбеговиќ и Шамил Хумашкиќ го имаа Реџеп Таип Ердоган за свој кум, а нивниот втор кум (како и тие самите) останаа во сенката на турскиот претседател.

Босанските медиуми пишуваат за вториот кум на младенците, кој на венчавката пристигнал во кариран костум. Вториот кум на младенците е исто така интересен и има врски со Турција.

Станува збор за Омар Мусабеговиќ, долгогодишен пријател на ќерките на Бакир и Себија Изетбеговиќ, кој живее и работи во Белград.

Мусабеговиќ е претставник на турската компанија Тасиапи во Белград, која гради автопатишта во Србија и треба да го изгради автопатот меѓу Сараево и Белград, со средства од Турција, пишува Кликс.

Да потсетиме, еден милион конвертибилни марки, или нешто помалку од половина милион евра, наводно биле потрошени за свадбата на годината во Босна и Херцеговина.

На гостите пред влезот во сараевскиот хотел „Европа“ им биле одземени телефоните, а секој од 250 гости имале кодирани покани , за да се спречи влез на непоканети гости.

Речиси сите медиуми во регионот ја пренесоа веста за венчавката на внуката на Алија Изетбеговиќ и ќерка на претседателот на СДА, Бакир Изетбеговиќ, а најголемото внимание на венчавката, наместо невестата, привлече турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, кој беше сведок на верската и на граѓанската венчавка. Пред свадбата, Ердоган го посети гробот на дедото на Јасмина, Алија Изетбеговиќ, а подоцна едвај се проби низ Сараево низ толпата што сакаше да го види.

Медиумите од БиХ пишуваат дека младенците и нивните гости славеле до доцна во ноќта, а во еден момент ја пееле „Да те није, Алија“.

Треба да знаете
Последни објави