Том Круз слета со хеликоптер во приватна градина, доцнел на состанок

Британско семејство доживеа необично изненадување кога хеликоптер слета во нивната градина. Семејната мисија, која тие одлучија да ја прифатат, доведе до средба со холивудска sвезда.

Том Круз, кој во моментов го снима најновиот од серијалот „Невозможна мисија“, се појави како на филм во градината на Алисон Веб во Ворвикшир.

Актерот планирал да слета на аеродромот Ковентри, но тој бил затворен и тимот на Круз брзо пронашол алтернатива. На семејството Веб им било кажано само дека нивниот двор ќе служи како писта за неименуван ВИП гостин бидејќи блискиот аеродром е затворен. Тие не ни помислиле дека гостинот е ѕвездата на „Невозможна мисија“.

„Мислев дека би било кул децата да видат како хеликоптерот слетува во градината“, изјави Алисон за „Би-би-си њуз“.

„Кога Том пристигна и излезе, сите бевме како – лелеее, ова се случува во нашата градина. Отиде директно кај децата и ги покани со него, а потоа дојде кај нас и ни се заблагодари. Тоа беше неверојатен ден за нас и надреално искуство. Се уште не можам да верувам дека навистина се случило.“

„Круз беше добро расположен и, како благодарност, предложи децата да се возат со хеликоптер додека тој е на состанок. Отиде директно кај нив и ги праша дали сакаат пилотот да ги повози” додаде таа.

Круз потоа се фотографирал со семејствотово во чија градина слета.

Треба да знаете
Последни објави