Том Круз покажа спектакуларна акробација од „Невозможна мисија 7“

Том Круз во четвртокот претстави она што тој го нарече своја најопасна акробација на сите времиња во исечок од претстојниот филм „Невозможна мисија 7“.

Круз, познат по опасните сцени без каскадери, вози мотор по стрмен терен симнувајќи се од од џиновска карпа во Норвешка, потоа се фрла во воздух пред да му биде ослободен падобранот.

Клипот и разговорот на Круз и режисерот Кристофер Меквери за подвигот, беа прикажани на собирот на оператори на кина и директори на холивудски студија во Лас Вегас, објавија забавните медиуми.

„Ова е најопасното нешто што некогаш сум се обидел да го направам, работиме на ова со години “, вели Круз во видеото, како што пренесува „Дедлајн Холивуд“. „Сакав да го направам тоа уште од мал.“

Во новото продолжение, суперагентот Итан Хант започнува нова невозможна мисија која ветува низа сцени што го одземаат здивот.

„Невозможна мисија 7“ треба да излезе во мај 2022 година, со задоцнување од една година поради пандемијата, која предизвика прекини на снимањето во Италија, Норвешка и Велика Британија.

Треба да знаете
Последни објави