Search

„Здраво млади” во МКЦ парк

Единаесеттото издание на „Здраво млади” ќе се одржи вечер во паркот на Младинскиот културен центар. Фестивалот ќе се реализира согласно актуелните мерки/протоколи за организирање настани во отворен простор.

На две бини посетитителите ќе можат да ги проследат Hercules & Love Affair, шпанските пост-панкери Belgrado, KOIKOI од Белград, Murman Tsuladze со магичниот килим од Грузија, мистериозниот романтик од Хрватска – Peki Pele, најдориот руски чин во живо – Shortparis, домашните Луфтханза, ИСКРА и Blackstate и човекот без кој не се одржува фестивалот – Ирецот DJ FITZ, наведуваат организаторите на „Здраво млди”.
Покрај музичката програма, ќе има и изложба на Бранкица Јордановска под наслов „Маска или преобразба на изопаченото”. Исто така, ќе бидат изложени сите постери од Конкурсот за официјален постер на „ЗДРАВО МЛАДИ 11″ на којшто победи Катја Штркова. 
Треба да знаете
Последни објави