Search

Бред Пит снима сцени од престојниот филм „Вавилон“

Тој е ветеран актер со речиси три и пол децениско искуство.

И секако изгледа дека Бред Пит сè уште ужива во тоа чувство на крајот на денот на снимање.

57-годишниот оскаровец изгледа релаксирано откако заврши со работата со камерата, со одврзана машна пеперутка, на снимањето на историската драма „Вавилон“ во Лос Анџелес, во средата.

Останува непознато кого Бред ќе глуми во филмот, но неодамна беше објавено дека тој ќе портретира sвезда на немите филмови, базирано на ликот на Џон Гилберт, кој не успева успешно да премине во „говорник“ во звучните филмови.

Пит во филмот глуми заедно со Маргот Роби (31), која го толкува класичниот холивудски секс симбол Клара Боу.

Треба да знаете
Последни објави